Кекеновски: Потребен е кандидат за претседател кој нема да го потпише Преспанскиот договор

На Македонија и треба кандидат за претседател кој нема да го потпише Преспанскиот договор и ќе ги почитува резултатите од неуспешниот референдум, смета професорот и лидер на движењето ФРОДЕМ, Јове Кекеновски. Според него, потребен е консезус на целата опозиција околу еден кандидат кој треба да потекнува од народот и да е близок на народот.

„Кандидатот треба да е човек кој е чесен, храбар, достоинствен, спремен во секој момент да се соочи со предизвиците како и да ја понесе одговорноста, човек кој ќе се бори правдата да ги стигне сите сторители на криминални дејанија и сторени зла без разлика на која партија и припаѓаат како и конфискација на нелегално стекнатиот имот,кандидат кој по своето убедување е легалист и легитимист, кој ќе бара доследно почитување на Уставот и законите, симболите на државата и почитување на институциите на системот, кандидат кој нема да ги потише донесените неуставни закони и Преспанскиот договор и ќе ги почитува резултатите од консултативниот (неуспешен) референдум, човек кој во иднина со својата чесност, правдољубивост, барањето за еднаквост на сите пред законите како и почитување на различитостите ќе го симболизира државното единство,  кандидат кој ќе побара морална и кривична одговорност за сите оние кои во името на славољубието и личните интереси го обезличуваат, понижуваат и делат сопствениот народ, кандидат кој ќе побара под итно истрага за сите високи функционери кои одработуваат за странски служби и интереси“, смета Кекеновски

Translate »