Кога Црногорец ќе го фати носталгија, треба само да ја отвори оваа тегла, а рокот на траење е вечен!
На Фејсбук страницата Подгорички времеплов објавена е фотографија со „решение“ за лекување на носталгијата кај Црногорците кои живеат во странство.
„За сите оние принудени, натерани од живот, тргнати по мек леб, им подготвивме наша, црногорска земја за носење со која некогаш си игравме, се прехранувавме, а и ја браневме од туѓинци“, се наведува во описот и се додава дека ова е успешен вид за лекување на носталгијата.
На тегличката „црногорска земја“ се наоѓа и упатство за употреба на кое се наведува дека е потребен еден поглед за дневно лекување на носталгијата.
Нус појавите се јавуваат само „кај лицата кои не си ја сакаат својата земја“, пишува на теглата
Во рокот на траење стои : Црногорската земја е вечна.