Откриен мотивот на самоубиството на брачната двојка во Белград

Сопружниците В.Н. (54) и Д.Н. (55) утринава извршиле самоубиство, фрлајќи се од недовршена зграда во белградската населба Борча, објавија српските медиуми.

Нивните пријатели и роднини велат дека мажот и жената најверојатно се решиле на ваков чин бидејќи не можеле да го преболат самоубиството на нивниот син,кое се случило пред една година.

Пред да скокнат во смрт, мажот се јавил на близок роднина и го најавил самоубиството.

Екипите од Итната помош на местото на настанот веднаш коннстатирале смрт на несреќната брачна двојка.


Translate »