УБИЕН КИНЕСКИ НАУЧНИК КОЈ ГО ИСТРАЖУВАЛ КОВИД-19: БИЛ НА ПРАГОТ НА „МНОГУ ЗНАЧАЈНО ОТКРИТИЕ“

Професорот на Универзитетот во Питсбург, Бинг Лиу, кој, како што тврди универзитетот, бил на работ на „многу значајно откритие“ за коронавирусот, бил застрелан во текот на викендот.

Тој бил пронајден во неговиот дом во саботата со прострелни рани на главата, вратот, рамената и екстремитетите, соопштила полицијата, пренесува Си-Ен-Ен.

Полицијата верува дека другиот маж, Хао Гу, пукал и го убил Лиу во неговиот дом, пред да се врати во автомобилот и да изврши самоубиство.

Полицијата верува дека мажите се познавале и велат дека постојат “нула индикации дека професорот бил убиен затоа што е Кинез”, соопштил детективот Брајан Кохлхип.

Translate »