Полицаец украл паричник со 1.800 евра – камерите снимиле се

За време на една рација во обложувалница во Грачаница, припадник на косовската полиција Ш.К. наводно украл паричник во кој имало 1.800 евра, а како што наведуваат локалните медиуми камерите сето тоа го снимиле

Како што се наведува, за време на контролата полицаецот М.Ж. отворил ормар и видел паричник. Тој тоа му го кажал на својот колега Ш.Ј. кој потоа го земал паричникот и го ставил во џеб.

Ш.Ј. е уапсен во четвртокот поради сомнение дека извршил кривично дело „неовластено стекнување имот за време на рација или извршување на судски налог“.

Translate »