„Шизик на ризик“: Македонски моден бренд за на светските улици

Доколку сте во потрага по уникатно парче на гардероба, со дизајнерски печат, а кое е одраз на традицијата, културата и животот во Скопје, тогаш скопскиот бренд за облека „Шизик на ризик“ е местото каде треба да поминете.

Маици, блузони, капчиња, постери и многу други сувенири со локални дизајни ќе ве пречекаат. Мапа на Скопје поделена на своите маала, стилизирани исписи со Камени Мост, еден малку поинаков нацрт на градот, слатки тулумби, 9-ка за Кобра, ,„Градот убав пак ќе никне“… и уште неколку асоцијации на Стоковна куќа Мост, Делфина, Македониум, Бушава азбука се испечатени на уникатните парчиња гардероба (Sheezick na Reezick).

https://www.sheezicknareezick.com/

Креиран да поттикне храбри умови, зад брендот именуван по познатата ретро изрека, стојат двајцата шизици и креативците од брендинг агенцијата „Зип Зап“, Сташа Шаровиќ и Божо Павковиќ, кои преку своите дизајни нудат уникатен дизајн, поврзување со едно безгрижно Скопје, страст за живеење по скопските улици и желба да се биде свој и поразличен од другите.

sheezikc na reezick (17)

„Шизик на ризик“ има и онлајн продавницата на која има супер кул понуда за секој шизик, а богами и за шизика…. тоа се машки, женски и детски маици, постери и торби со живописни принтови. А пакувањето е посебно изненадување…

sheezikc na reezick (12)

„Шизик на ризик“ има своја дигиталната адреса е (http://www.sheezicknareezick.com)

sheezikc na reezick (7)

Што е „Шизик на ризик“

Дизајнерски моден бренд од Скопје, наменет за смели дечки и девојки кои се подготвени да ги бркаат своите соништа и тогаш кога нема никој кој се клади на нив.

Тоа е да веруваш во себе и своите корени. Тоа е офроад трка. Тоа е ризик вреден да се преземе.

Шизик на Ризик е ДОО. 100% приватна иницијатива.

Творците на „Шизик на ризик“

Двајца луѓе, еден сон и две години напорна работа 

Мотив и инспирација за лансирање на брендот

Звучи глупо и „отрцано“, но инспирацијата ни е овој Град… и еден симбол, урбана легенда, сенка, „прича“, сленг од едно друго време кое полека исчезнува. Легендата за тој дечко, кој никој не го видел, но сите го знаат, носи едно универзално ветување – дека секој може да успее кога силно верува. A мотивот? Мотивот ни е да покажеме дека ако можеме да успееме тука можеме секаде

sheezikc na reezick (20)

Translate »