ЕУ го одобри договорот со Фајзер и Бајонтек за вакцина против Ковид-19
Eропската унија ќе набави 300 милиони дози вакцина за корона вирус, која заеднички ја произведоа германскиот БиоНТек и американската лабораторија „Фајзер“, а претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека е создаден механизам на Европската здравствена унија за мерките на ЕУ за борба против епидемиите.
Европската комисија денеска во Брисел објави дека го одобрила договорот за набавка на вкупно 300 милиони дози на германско-американската вакцина, со која е обезбедено спречување на инфекција со коронавирус во 90 проценти од случаите и чија дистрибуција треба да започне подоцна годинава, кога ќе заврши третата фаза на тестирање.
Претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, изјави дека вакцината треба „да се достави брзо насекаде во Европа“, а германските власти соопштија дека тоа може да се направи до крајот на март 2021 година.