Колку е земјата посиромашна и помалку образована, толку помалку луѓе се вакцинирани

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа од направени 1.483 тестирања регистрирани се 172 нови случаи со COVID-19. Во петокот и саботата аплицирани се вкупно 4.684 дози вакцини, од кои 1.133 се аплицирани како прва доза, 916 се ревакцинирани, а 2.635 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 13 ноември вкупно се вакцинирани 813.782 граѓани, ревакцинирани се 784.833, а трета доза примиле 54.170 граѓани, според Министерството за здравство.

Педесет и шест отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 58 отсто, а со две дози опфатени се 47 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, велат од Министерството.

Бидејќи стекнувањето колективен имунитет на SARS-CoV-2 е главен предуслов за враќање на понормален живот, научниците за време на пандемијата спроведоа бројни студии за влијанието на различни социјални, бихејвиорални, културни и други фактори врз варијабилноста на вакцинацијата. Но, некои истражувања за ставовите кон вакцинацијата се направени пред пандемијата на COVID-19.<

На пример, угледниот американски непартиски труст за мозокот Pew Research откри интересни корелации помеѓу голем број различни фактори и неподготвеноста за вакцинирање кај Американците, објави хрватски Index. Истражувањето покажа дека на колебливоста, меѓу другото, влијаат: возраста (помладите се повеќе колебливи од постарите од 65 години), етничката припадност (Азијците се најмалку колебливи, а Афроамериканците најмногу), религиозноста (атеистите се најмалку колебливи и евангелистите протестанти најмногу), политичката припадност (конзервативците се повеќе колебливи, а либералите помалку), социоекономскиот статус (побогатите луѓе се повеќе склони кон вакцинација од сиромашните).

Во друга, слична студија, Pew Research откри дека постои и силна поврзаност помеѓу недовербата кон вакцините и недовербата кон владата, и дека колебливоста значително зависи од нивото на образование.

Исто така, една голема студија објавена во списанието Brain, Behavior, and Immunity покажа дека луѓето кои одбиваат вакцинација имаат во просек пониски когнитивни способности.

kajgana.com

Translate »