Наставничка ,,изела” ќотек на час

Наставничката изела ќотек додека држела настава. Станува збор за 48 годишната  А.Е.Таа вчера пријавила во полиција дека претпладнето, додека одржувала настава во Основно училиште во село Батинци во кабинетот дошол 58 годишниот А.Ј. кој почнал да ја навредува со погрдни зборови, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со шлаканица по лицето.

Како што соопшти полицијата, А.Е. се здобила со видливи повреди, оток под десното око и модринка.

Се работи на целосно расчистување на случајот

Translate »