5G ќе овозможи операции и дијагностика од далечина
Во нашата земја имаме врвни хирурзи со висока професионалност и големо медицинско знаење. Некои од нив поради својата стручност патуваат и на други континенти и изведуваат сложени хируршки операции како дел од интернационален медицински тим. Брзиот развој на технологијата е тесно поврзан со медицината, којашто напредува повеќе во последните 15 отколку во предходните 150 години. Според тоа, наместо да патуваат, лекарите ќе можат да извршуваат операции или дијагностика од далечина.
5G технологијата дефинитивно ќе овозможи брз развој на модерната медицина и ќе ја направи достапна во секој агол од земјината топка, и тоа во реално време.
Според д-р Огнен Ивановски – хирург-уролог при Универзитетската клиника за урологија во Скопје: „Со 5G технологијата, хирурзите не само што ќе можат да менторираат одредена хируршка процедура од далечина, туку ќе можат истата и практично да ја изведат. Можностите ќе бидат неограничени за многу кратко време, со енормни социјални и здравствени придобивки за целото човештво“.
Во 2019 година, во Барселона беше изведена и првата хируршка операција на далечина со помош на оваа нова технолоија. Докторот којшто ја водеше операцијата им даваше совети и техничка помош на тимот лекари на оддалеченост од 5 километри од болницата.
5G технологијата дефинитивно ни е потребна и во земјава. Таа обезбедува нови можности за развој и повисоко ниво на професионалност во повеќе области. Воведувањето на најновите телекомуникациски технологии е приоритет во развојните планови на Македонски Телеком. Оттаму нè информираат дека инвестираат 45 милиони евра за модернизација на радио пристапната мрежа и 5G за периодот 2021-2025. Досега подготвиле една третина од мрежата за обезбедување 5G услуги, а подготвени се да почнат да нудат 5G услуги уште на почетокот на следната година.
Медицината е една од гранките којашто ќе доживее целосна трансформација со корисењето на новата технологија. Според Д-р Ирена Митевска – супспецијалист кардиолог, магистер и доктор на медицински науки: „Неопходно е да бидеме во тек со светските медицински трендови, но и да ги имплементираме кај нас. Со тоа ќе ни се олесни работата, но истовремено ќе можеме да се развиваме и медицината да биде значаен сегмент од економскиот развој на нашата земја. Новите технологии значително помагаат во развојот на телемедицината. Комуникацијата со пациентите и колегите на поголеми дистанци, следењето на ефектите од применетата терапија, особено во ерата на примена на срцеви уреди и современа терапија, е значаен напредок во модерната медицина. Со ова се овозможува полесено следење, комуникација и поголема достапност на медицинските услуги“.
Благодарение на комуникациската технологија медицината ќе напредува со забрзано темпо, особено во областите на дијагностиката, операциите на далечина итн. Иако се чини како чекор којшто ќе го направиме во иднината, оваа технологија веќе се имплементира во Македонија и за брзо време ќе може да ги почувствуваме придобивките од неа.