Бебе паднало од тераса, додека неговата мајка пружувала алишта

Вознемирувачки настан ја потресе Србија. Бебе старо шест месеци, инаку дете на сопственикот на турската фабрика „Џинси Србија“ во Лесковац, Јасин Даниз паднало од тераса од нивниот семеен стан во центарот на градот и се наоѓа во критична состојба. Мајката додека пружувала алишта на терасата, малечкото се протнало меѓу решетките и паднало на бетонот.Родителите веднаш истрчале надвор и го пренеле бебето во болница .

Како што пишуваат медиумите  бебето има повреда на главата и е итно префрлено на Детска неврохирургија во Ниш каде што лекарите се борат за неговиот живот.

Уште не е познато како шестмесечното бебето паднало од терасата на вториот кат на асфалт.

 

Translate »