Поскапеа цигарите, прочитајте за новите цени
Од денеска со нови цени се цигарите „Бос“, „Вест“, „Давидов“ и „Родео“. Сите видови на „Бос“ цигари се зголемени за пет денари, „Вест“ меко исто така, „Давидов класик“ и „Голд“, исто за пет денари, како и сите видови цигари „Родео“.
Цигарите од брендот „Давидов шејп“ се повисоки за 10 денари.
Сите брендови цигари во земјава, според календарот е предвидено да поскапат за 4 денари од 1. јули. Неодамна поскапеа уште неколку брендови цигари.
Од 1 јули 2016 до први јули 2023 година, акцизната стапка за цигарите ќе се зголемува за 0,20 денари за цигара секоја година.
Со ваквото зголемување, до 2023 година се очекува кутија цигари да поскапи и за 40 денари.