Домашен пилинг против целулит и стрии

Не фрлајте пари за скапи третмани и препарати за отстранување на целулитот и стриите. Направете го тоа во домашни услови, со природни состојки. Основна цел на пилингот е да се отстранат нечистотиите и мртвите клетки од кожата. По пилингот , кожата станува мазна, бидејќи постапката ја стимулира циркулацијата на крвта и придонесува за подмладување на клетките.

Со помош на домашниот  пилинг ,кој се прави со шеќер и сол ,  речиси целосно можеме да  се ослободиме од целулитот и да ја намалиме видливоста на стриите.

Потребни се :

200 гр. шеќер, 200 гр. сол, 150-200 гр. палмино или маслиново масло.  Пожелно е да се користи морска сол, бидејќи е збогатена со јод и микроелементи, кои, дејствувајќи на кожата, придонесуваат за нејзино реставрација.

Подготовка и употреба:

Измешајте го шеќерот, солта и маслото. Смесата нека биде густа.

Секоја вечер користете го пилингот  пред  туширање, тријте ја смесата во проблематичните делови на кожата, масирајте со  кружни движења 2-3 минути. После тоа, исплакнете со топла вода. По постапката, на телото се нанесува хидратантен крем или лосион.

По еден месец редовна употреба на овој пилинг, ќе забележите дека стриите и целулитот  стануваат помалку видливи. Никако не треба да се прекинат постапките откако ќе се појават првите позитивни резултати. Можно е, речиси целосно, да се отстрани целулитот и да се намалат стриите  со помош на овој пилинг.

 

пилиинг

 

 

Translate »