Пановски: Плажите сред лето се стерилизирани, но треба да се размисли за планински туризам

Запрашан да даде свое стручно мислење дали годинава ќе биде воопшто возможно да се размислува за летен одмор професорот вирусолог Никола Пановски е оптимист дека би можело да се  оди на одмор ако државите ги отворат границите.

– Летување во државата очекувам секако да биде можно бидејќи не очекувам градовите да бидат затворени, но мислам дека треба малку да се размисли за селски туризам и планински туризам. Ако може да стигнат граѓаните до плажи покрај море и ако се отворат границите возможно е да се размислува бидејќи плажите во сред лето се стерилизирани од сонцето и од температурата. Но, поголем проблем е хотелското сместување, да не се создаваат гужви. Меѓутоа приколка, куќичка, камп, бунгалови, апартмани каде луѓето сами би си спремале храна би можело да биде возможно – додаде  Пановски.

Translate »