Чевлите се најважниот детал во изгледот на еден човек!
Чевлите се најважниот детал во аутфитот на еден човек. Велат оној кој носи добри чевли, има добар вкус. Обувките додаваат и одземаат вредност на тој што ги носи! Тие покажуваат статус, даваат самодоверба, едноставно ни овозможуваат да се чувствуваме убаво. И нема поголема радост кога ќе си најдеш убави и удобни чевли и сандали, кои како да се направени за тебе!
Ќе се согласите тоа особено доаѓа до израз кај рачно изработените чевли. Уникатни парчиња на облека, нешто што претставува печат на индивидуалноста кај една личност. А посебно кога тие рачно изработени чевли се дизајнирани и произведени од природна италијанска кожа. А добро е познато дека Италија е центар на модата, а Италијанците дека се познaти како луѓе со стил.
А кога италијанскиот стил ќе се спои со македонската традиција, и кога чевлите ќе произлезат од рацете на врвни македонски мајстори, како што е случајот со чевлите и сандали создадени од Тргокожа Битола, тогаш сигурно станува збор за нешто вредно и квалитетно.
Во нашата земја ретко се среќаваат производители на обувки кои рачно изработуваат чевли, една од нив е Тргокожа од Битола. Материјалите за чевлите и сандалите се од 100 % природна кожа која нема хемиски додатоци, ја носат од областа Тоскана во Италија, а чевлите ги изработуваат вешти мајстори. Кога производот е изработен рачно, добива посебна енергија , која му ја дава творецот.
Тие создаваат чевли и сандали според светските трендови кои налагаат покрај добриот дизајн, обувките да бидат удобни и од квалитетен материјал. Овие чевли доаѓаат од семејството Талевски кое веќе три генерации произведува чевли, според вкусот на клиентите, и кое во своите производи внесува огромна страст и енергија со цел да создаде повеќе од производ, нешто што се сака! Безвременски обувки од стара битолска занаетчиска работилница. Вреди да се пробаат!