Еден пожарникар е повреден при гаснењето на големиот пожар во Скопје
Еден пожарникар е повреден при гаснењето на пожарот во стан на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало.
Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томески за МИА изјави дека пожарникарот е пренесен во ГОБ „8 Септември“ каде се вршат потребните испитувања. Три стана биле зафатени од пожарот
Пожарот е локализиран и се работи на расчистување. На терен интервенирале 17 пожарникари со седум возила.