(ВИДЕО) Браво за овој пар: Засадиле 4 милиони стебла и создале шума

Бразилскиот фотограф Себастио Салгадо и неговата сопруга Лејла Делуис Салгадо покажале дека мала група луѓе  сепак може нешто да промени.

Тие го прескокнале сечењето на шумите и почнале пошумување. Себастиао е познат повеќекратен наградуван фотограф. Бидејќи повеќе не можел да ги гледа ужасите кои ги фотографирал, како геноцид во Руанда, одлучил да се врати дома, во родниот Бразил.

Неговото родно место некогаш били прекирено со шума, меѓутоа, кога се вратил затекнал пустелија.

Она што го видел го уништило целосно. Наместо природа и прекрасен крај, земјата била сува, а ги немало ни животните повеќе.

-Земјата беше болна како и јас. Се беше уништено. Само 0,5 отсто од земјата биле покриени со дрво. Потоа мојата сопруга имаше неверојатна идеја да посадиме нова шума. По првите засадени дрвја, земјата полека стануваше позелена, а прво се вратија инсектите, па птиците и рибите, а потоа и поголемите диви животни. И јас повторно се родив-рекол Салгадо.

Брачниот пар го основал Институтоt Земја, мала организација која од тогаш засадила дури 4 милиони млади дрвја, и ја вратила шумата каде што од секогаш била, пред да дојде индустријата.

-Можеби имаме решение. Постои само едно битие кое може да го претвори CO2 во кислород, а тоа е дрвото. Мораме повторно да ја засадиме шумата. А на нас е повторно да ги создадеме шумите со автохтони дрвја.

Се што е потребно е да се собере семе во истото подрачје во кое се сади дрвото. Ако садите шуми кои не му припаѓаат на тоа подрачје, животните нема да дојдат, а шумата ќе биде и пуста и тивка-вели фотографот.

Резултатот бил неверојатен. Се вратиле околу 172 видови птици, многу билки и грабливки, дури и водоземци, целиот екосистем е обновен од нула.

Погледнете ја нивната чудесна приказна :

Translate »