Петров: Нова финансиска поддршка за компаниите кои ќе воведат напредни и зелени технологии

На денешната прес-конференција,  директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров објави дека новиот Јавен повик за кофинансирани грантови за иновации нема да има ограничувања и ќе тежи 6 милиони евра.

-Започнуваат серија активности за 2021 година ова е прв од вкупно единасет повици и ќе биде отворен до 6 април. Главниот фокус е поддршката на компаниите да остварат забрзана раст со воведување на напредни и зелени технологии. Листата не е ограничувач и се достапна на страницата на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).  Овој Јавен повик е продолжување на предходниот, но со поголем буџет кој изнесува 6 милиони евра.Во овој повик им нудиме и на здравствените установи можност да аплицираат.Воедно предвидено е за апликантите и поддршка за плати на вработените, изјави Петров.

Translate »