Шеснаесетгодишна девојка прегазена во Автокоманда

Автомобил прегазил 16-годишна девојка и тешко ја повредил, вчера напладне во скопската населба Автокоманда. Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила вчера во 12 часот, на булеварот Александар Македонски.

 

Автомобил „фиат браво“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 62-годишниот И.К. од Прилеп, удрил во 16-годишното девојче од гевгелиското село Миравци.

По сообраќајката тешкоповреденото девојче со возило на Итна медицинска помош било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а лекарите констатирале тешки повреди.

Полицијата изврши увид и ги утврдува причините за сообраќајката.

Translate »