БЕГААТ РУСИТЕ КРУЖЕЈЌИ НИЗ ЕВРОПА Снимката од Флајтрадар покажува стотици авиони во акција
Бегајќи од мобилизацијата во руската војска, илјадници Руси летаат низ Европа, но нивните летови не се директни туку често кружат и поминуваат повеќе места, пишува Мондо. Снимката од авионите кои заминале од Москва која ја објави вебстраницата ФлајтРадар се прошета по социјалните мрежи. Ваквото кружење е поради тоа што директните летови кон Истанбул во Турција и Ереван во Ерменија, каде Русите можат да влезат без визи веќе се распродадени.
4.000 Руси се очекува да пристигнат попладнево во Белград и дека цената за директен лет до Белград стигнува и до 10.000 евра. Стотици авиони полетаа од Москва и од Санкт Петербург. Но, тешко е и да се кружи. На пример, сите летови кои од Москва преку Тбилиси водат до други големи градови се распродадени. Дирекните летови до Дубаи чинат меѓу пет и десет илјади евра, објавија револтирани Руси на социјалните мрежи.
Да потсетиме, на улиците на некои градови во Русија започнаа протести поради иницирањето на мобилизацијата , при што беа приведени трицифрен број
извор Плус инфо