Столтенберг во Скопје – Името, па НАТО
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, синоќа пристигна во Скопје, а на аеродромот го пречека министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, по што следеше и неформаланата средба со премиерот Заев во еден од скопските ресторани.
Тој денеска ги започна и официјалните средби . Прво со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, а потоа и со преседателот Иванов, по што следуваат средбите со партиските лидери во Собранието. Тој ќе има и обраќање пред пратениците.
Неговата официјална посета на земјава ќе заврши со средба со Заев, по што двајцата ќе одржат и прес-конференција.
Претходно , првиот човек на НАТО порача дека без решение за името, Македонија не може да очекува членство во Алијансата.