Горан брутално ја уби сопругата и ја фрли во септичка јама

Високиот суд во Ниш  му досуди мерка задолжително психијатриско лекување во здравствена установа од затворен тип на  Горан Живковиќ (53) од  Медошевац , кој на 3-ти октомври 2016 година, во состојба на непресметливост, брутално ја уби  сопругата, Јасмина Живковиќ (48), пишува Блиц.

Судот утврди дека мотивот за убиството била  патолошка љубомора како  резултат на ментална болест (параноидна психоза). Живковиќ со години ја малтретирал сопругата и ја обвинувал дека го изневерува со други мажи.

Критичната ноќ кога го извршил убиството, Живковиќ се посомневал дека  неговата сопруга тајно комуницира на мобилен телефон со љубовникот, по што ја претепал до смрт со железна шипка. Жената починала на самото место од повредите кои ги здобила на черепот.

Се ослободил од телото, а потоа направил хаос во куќата и си ја повредил глвата , удирајќи се од врата за да го прикрие злочинот и исценира дека  бил нападнат од разбојници.

Родителите на жртвата велат дека не се задоволни со пресудата.

“Нашата ќерка беше сериозна домаќинка, вистинска мајка која ги школуваше своите синови. Очекувавме тој да добие затворска казна, а сега можат и да го пуштат од болница…”, велат родителите разочарани од судот.

 

Translate »