Негуваната коса е најсилен адут на секоја убава жена
На кратко со Жаки од фризерско студио Тами hair
- Како до успехот ?Истрајноста, упорноста, амбицијата но пред се љубовта кон она што се работи секогаш бессомнен успех. Секако постојано себе надградување како и посета на семинари. Со задоволство би го издвоила семинарот на Red cat во Белград кон крајот на минатата година, кој беше спектар на профeсионалност, врвен квалитет на производи и техники за нивна примена. Во оваа бранша сум 17 години како сопственик на фризерското студио „Tami hair – Zaki“ лоциран во населеното место Стајковци.
- Како од сегашен аспект гледате на оваа работа?
Негуваната коса е синоним за привлечна жена, целосна грижа за вашата коса и стручни совети, секогаш ќе добиете во моето фризерско студио. Ви нудиме фризерски услуги по ваш избор во трка со светските модни трендови – нијансирањево 2 и повеќе нијанси, bayalage, ombre hair colors. Фризерите се секогаш спремни за она што не очекува секоја нова пролет – нов тренд на бојадисување.
- Што е пресудно да се работи кога знаеме дека има огромна конкуренција?
Со долгогодишното искуство и напорно работење доаѓа и квалитетот кој клиентите знаат добро да го препознаат.Не постои девојка или жена која не ужива во посетата на фризерски салон. Третманот на косата го препуштаат во раце на големи професионалци, а ние им гарантираме беспрекорен квалитет и посебна козметика, од кои нашите клиенти се воодушевени. Затоа кога пристапувам кон клиентите, секогаш внимателно ја сослушувам нивната желба, а потоа го искажувам моето искуство и кое го прифакаат со широка насмевка на нивното лице.
- Кога станува збор за правилна нега на косата, што вие и препорачувате на една жена ?
И најдобрата фризура ке изгледа лошо, ако не ја стилизирате со вистински производи и бои за вашиот тип на коса и боја на кожа. Препорачувам третмани со козметиката на IМЕЛ третман со keratin шампон, маска и серум за јако ревитализирање на косата, бојадисување со vertical.
Ни најдобрите производи за нега IМЕЛ нема да помогнат доколку скалпот не се измие темелно, длабински и на правилен начин. По секој третман задолжително косата треба да се исплакни без остатоци од препаратите за да е можно обликување на неа.