НАПАДНАТ ЛЕКАР НА ТОКСИКОЛОГИЈА, ЗАВРШИЛ НА УРГЕНТЕН
На Клиниката за токсикологија денеска попладне бил нападнат лекар, кој се здобил со повреда на окото, неколку хематоми и расекотини.
Тој подоцна добил помош во Ургентниот центар и бил пуштен дома.
Според информациите, лекарот бил нападнат од родител на малолетно дете, кое одбил да го прегледа, откако го упатил на педијатрија.
Случајот е пријавен во полиција која веднаш излегла на местото на нападот.
Преземени се мерки откако родителот е пронајден и идентификуван.
Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.