Во стан од 24 квадратни метри сместил 4 простории: Генијалното решение на овој архитект ќе ве воодушеви

loading...

Кога имате мал простор, неопходно е да бидете креативни. Со малку креативност, можете во стан од 24 квадратни метри да сместите спална соба, кујна, купатило и работен простор.

Токму тоа го направил и архитектот Бред Шварц – тој креирал функционален стан од гарсониера, но никогаш не би помислиле дека е толку мал со оглед на идеалната искористеност на просторот. Можеби ова ви звучи нереално, но ќе се уверите во тоа кога ќе го погледнете видеото.

Кога ќе влезете во станот, на прв поглед ви се чини дека има само дневна соба и кујна, но кога ќе се помести параванот, ќе видите дека зад него се крие мала спална соба со брачен кревет и гардеробер.

Белите ѕидови, како и мебелот и кујнските елементи во светли нијанси создаваат илузија на поголем простор, а работната маса по потреба се претвора во трпезариска.

Купатилото се наоѓа помеѓу кујната и спалната соба. За да изгледа визуелно поголемо, Бред поставил големо огледало.

Погледнете како изгледа целиот стан:

Translate »