Кои делови од Скопје утре ќе бидат без струја?

loading...

Без струја утре од 9 до 11:30 часот ќе останат корисниците од  улицата Волгоградска, зграда 1 и 2 и од булеварот Партизански Одреди, зграда 72 и зграда 74 во Општина Карпош.

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија од 9 до 14 часот ќе останат стопански објекти на фирмите: Пласт Комерц, Стоп и Го , Електроводомонт и Виргина во општина Карпош, од 12:30 до 15 часот дел од улицата Ботун и булеварот Партизански Одреди зграда 169 и зграда 173 и од 9 до 14 часот селата Долно и Горно Блаце во општина Чучер – Сандево.

Translate »