Ципрас во Солун: Со Договорот ја спасуваме грчка Македонија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа од партискиот настан организиран од СИРИЗА во Солун, порача дека со Договорот од Преспа, левицата не ја продала, туку ка спасува културното и историското наследство на грчката Македонија.

Во 50 минутниот говор, Ципрас рече дека цели 25 години национализмите и од двете страни на границата спречувале секаков обид за решение, а тие постигнале решение „во корист на Грција, на грчката Македонија, на Балканот и во корист на мирот, соработката и заеднички развој во регионот“, пренесува МИА од Атина.

– Граѓани на Солун, но и вие кои не гледате од ТВ приемниците, Македонки и Македонци, сега е часот на националната логика, но и на националната чувствителност. Затоа што Договорот од Преспа става конечен крај на фалсификувањето на нашата историја. Го затвора конечно и неповратно провоцирачкото присвојување на античката грчка Македонија. Ја затвора конечно и неповратно парадоксалноста на иредентизмот од поранешната југословенска Република Македонија, на јасен начин, што секако оттука па натаму ќе се впечати и во Уставот на соседната земја, рече Ципрас и порача дека „соседната земја само кога ќе ги заврши обврските во целост, одредени од договорот, тогаш ќе се интегрира во меѓународните организации и на глобално ниво ќе биде признаена под новото име“.

fokus.mk

Translate »