Шекеринска: Имаме 80 гласови за импичмент на Иванов, на крајот на мандатот не би трошеле енергија за него

Како што објасни, сега во парламентот има 80 гласа за импичмент на Иванов, но три месеци до истекот на неговиот мандат, не би трошеле енергија да го рехабилитираат и да му ја подигнат важноста на функцијата која самиот 10 години ја уништувал.

На неколку месеци пред завршувањето на вториот мандат на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, вицепремиерката Шекеринска вечерва во интервју за 1ТВ, зборуваше за претседателските избори во 2014, каде повтори дека биле под закани, уцени и притисоци, исто како парламентарните, а тоа го потврдиле и бомбите.

– Факт е дека Иванов 10 години работи, интензивно на тоа да ја тривијализира и обезвредни претседателската функција. Немаме дилеми дека мандатот на Иванов, не во 2009, туку во 2014, произлезе од фалсификувана волја, од интересни дилови на коалициските партнери, на глумење на кавга за да се избере Иванов. Но кога бевме ние избрани како влада, која беше избрана по настаните на 27 април, меѓу другото и поради двоумењето на Иванов да даде или не, мандат, во таква ситуација да почнете да се занимавате со Вилата на Водно, за мене сѐ уште е несериозно, изјави Шекеринска.

Како што објасни, сега во парламентот има 80 гласа за импичмент на Иванов, но три месеци до истекот на неговиот мандат, не би трошеле енергија да го рехабилитираат и да му ја подигнат важноста на функцијата која самиот 10 години ја уништувал.

За улогата на неговиот Кабинет во „крвавиот четврток“, Шекеринска вели дека тоа е врвен скандал.

– Се надевам дека обвинителството ќе има податоци. Но едно знам, отсуството на Иванов на 27 во критичните часови е тоа коешто создава сомнеж кај најголем дел од граѓаните. Претседател на држава значи дека во ситуација кога ви се бутка државата на раб на граѓанска војна, преземате нешто, изјавувате, повикувате на мир. Неговото отсуство, одбивање да заштити пратеници избрани од граѓаните, да ја заштити првата институција во државата, Собранието, создава сомнежи, рече Шекеринска.

Translate »