Самсоненко останува во Вардар!
Сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко останува во ракометниот клуб најмалку до 2020 година, пренесува „24ракомет“, а според „Гол“ ќе биде во фудбалскиот клуб и во новата година, најмалку до крајот на оваа сезона.
Самсоненко на ракометарите им соопштил дека ќе остане во клубот најмалку до 2020 година и за следната сезона сака да го задржи најголемиот дел од тимот, пренесува „24ракомет“. Ваквата одлука се очекува наскоро да биде и официјално соопштена на прес конференција или на официјалната страна на клубот. Се очекуваше рускиот бизнисмен по крајот на годината да го напушти ФК Вардар, но според „Гол“ и тука има промена на одлуката. Самсоненко останува во фудбалот најмалку до крајот на сезоната, по што ќе биде донесена одлука дали ќе замине и ќе го остави клубот на градот Скопје.