Шакира и Пике имаат две деца заедно, но пејачката не сака да се омажи за него – еве и зошто

Љубовната приказна на колумбиската пејачка Шакира и нејзиниот невенчан сопруг фудбалерот Џерард Пике ја воодушевува јавноста веќе цела деценија, а „тајната состојка“ на нивниот емотивен успех е што пејачката и покрај нејзината голема љубов и двете деца не сака официјално се омажи за шпанскиот фудбалер.

-Да бидам искрена, бракот многу ме плаши. Не сакам да ме гледа само како „жена“. Сакам да ме гледа како девојка, љубовница, забрането овошје … Дали разбирате? Сакам да мислам дека сè е можно и дека тоа зависи од однесувањето“, рече Шакира, како гостин во една емисија со заедно со Пике.

Една од причините зошто популарната Колумбијка се плаши да го каже судбоносното „да“ по втор пат, секако е големиот проблем што го имаше за време на разводот со нејзиниот прв сопруг Антонио де ла Руа. Имено, Антонио најпрво ја тужел Шакира за 250 милиони долари, а потоа и за 100 милиони долари, обвинувајќи ја дека успешно ја водела кариерата цела деценија, но кога таа ја прекинала нивната деловна соработка, тој претрпел страшна загуба во деловната активност.

Во меѓувреме, судот ги отфрли сите обвинувања на поранешниот на Шакира, а пејачката и Пике станаа родители на две момчиња, Милан и Саша.

Да потсетиме, пејачката и фудбалерот се запознаа во пролетта 2010 година кога тој беше еден од играчите кои се појавија во спотот за песната Waka Waka (This Time for South Africa) што беше официјална песна на СП 2010 година.

Translate »