Утринава почина градоначалникот на Охрид, Професор д-р Јован Стојановски

Утринава во Охрид почина градоначалникот професор д-р Јован Стојановски (48). Веста ја потврдија од Одделението за односи со јавноста при локалната самоуправа.

Засега има само неофицијални информации како настанала смртта на охридскиот градоначалник.

Јован Стојановски за градоначалник беше избран во октомври минатата година. Тој беше и еден од најзначајните кадри од  раководителите во локалната организација на СДСМ во Охрид.

Пред да стане градоначалник, Стојановски беше професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.Д

Translate »