Зошто некои луѓе упорно одбиваат да држат дистанца и да носат маска? Научниците мислат дека имаат одговор

Истражувањето кое го спровеле научници меѓу повеќе од 60.000 испитаници во повеќе од 30 земји, открило што би можело да ги мотивира луѓето да ги следат протоколите, но и зошто некои тоа упорно го одбиваат.

Епидемиолошките мерки станале нормална појава во целиот свет. И додека повеќето луѓе сепак ги почитуваат тие мерки, носат маски, држат дистанца и често ги мијат и дезинфицираат рацете, еден дел од луѓето упорно одбиваат да ги почитуваат тие мерки. Зошто? Причините се бројни – од едноставен пркос, до психолошки пореметувања поради кои не сакаат и не можат да ги почитуваат мерките. 

Како што истакнуваат психолозите, во сржта на човековата психологија е принципот за награда и казна, односно секој наш потег кој го правиме е мотивиран од некаква награда. за Повеќето луѓе во време на пандемијата, наградата за почитување на епидемиолошките мерки е фактот се остане здрав.

Но, како бројот на заразени со коронавирусот се зголемува, таквиот вид на награда повеќе нема тежина. Поради тоа не би требало да изненади тоа што се поголем број на луѓе сметаат дека носењето на маска е бескорисно и непотребно.

Па како тогаш да се поттикнал луѓето сепак да ги почитуваат протоколите и да се придржуваат до епидемилошките мерки?

Истражувањата кои ги направиле научниците меѓу повеќе од 60.000 испитаници во повеќе од 30 земји откриле што би можело да ги мотивира луѓето да ги следат протоколите, но и зошто некои тоа упорно го одбиваат.

Експертите кои ги анализирале одговорите заклучиле дека финансиската криза често е поголем мотиватор за следење односно не-следење на протоколите. Тоа значи дека здравствените власти, ако сакаат да ги поттикнал луѓето да носат маски, треба да апелираат на нивната лична финансиска ситуација.

Исто така, откриле дека политичката ориентација исто така одредува дали некој ќе ги следи препораките или не. Носењето на политички одлуки во рамки на пандемијата, може да ги поттикне луѓето да мислат дека постојат поважни работи за кои треба да се води сметка од самата пандемија.

И на крајот тука е чистиот пркос, односно отпор на било какво ограничување кое луѓето го доживуваат како ограничување на нивните лични слободи. На пример, одење во кафулиња или теретани.

Исто така, колку повеќе граѓаните имаат доверба во властите, толку се посклони да ги почитуваат правилата и да поднесат лични жртви за да ги заштитат ранливите групи од коронавирусот и економските последици.

Што треба да се направи за луѓето да ги следат препораките?

Одговорот е многу комплексен. Владите, пред се, требало да размислат за воведување на посебни правила за поединечни возрасни групи и да ги прилагодат на нивните потреби односно однесување за да се мотивираат да ги почитуваат мерките, но да им се пружи одредено чувство на нормалност. Како што можеме да видиме во некои држави, каде пензионерите имаат одредено време кога можат сами да одат во продавница или на лекар.

Научниците ги советуваат владите да вложуваат дополнителни средства во социјалниот состав за граѓаните да добијат чувство на безбедност и во ситуација кога поради коронавирусот ќе останат без работа. Посебно внимание треба да им се посвети на оние кои се на првите линии на одбрана од пандемијата. На нив треба да им се даде признание за се што прават и да им се покаже дека се неизоставен дел во борбата против вирусот.

Но, покрај сето тоа, научниците истакнуваат дека, без разлика дали граѓаните ги почитуваат мерките или не, многу работи зависат од тоа колку брзо мерките се донесуваат, како и колку брзо ги покажуваат резултатите.

Идентификацијата на тоа што ги мотивира би можела да биде пресудна во контролата на ширењето на заразата во периодот меѓу вакцинацијата и крајот на епидемијата.

Translate »