Kаде се 3,5 милијарди! Сведоштво за тајната на парите на Милошевиќ

Аферата “Кипарски пари”, која тежи околу 3,5 милијарди тогашнигермански марки, сè уште не доби епилог. Луѓето кои знаеја за неа, животот гозавршиле трагично и под сомнителни околности, а на документацијата и се губи секоја трага!

Поточно, Велимир Илиќ, кого српската влада во 2001 година го назначи за шеф на тимот за да го испита случајот, открива дека документацијата за трансфер на државни пари во Кипар, а потоа предадена на властите во Белград – мистериозно исчезнала. Тој вели дека – за разлика од него и Млаѓан Динкиќ – мртви се речиси сите актери кои се вклучени во оваа афера, а потоа се обиделе да се утврди каде завршиле државните пари, кои во деведесеттите години, за време на санкциите, се префрлени на Кипар.

Веља Илиќ, некогашен шеф на тимот за аферата “Кипарски пари”

Заташкување

– Тоа е голем грабеж, кој некој го заташка. Но, никогаш не е премногу доцназа да се активира и да иницира истрага, бидејќи текот на парите остава својатрага, иако сите учесници во оваа афера, сите актери во синџирот, се под земја– вели Илиќ за српски Курир и додава:

– Жика Петровиќ, директор на “Јат”, пилотираше кога биле префрлени парите.

Жика Петровиќ, директор на “Јат”, пилотирал со префрлените пари. Изрешетан со 4 куршуми на 25 април 2000 година

Баџа (Радован Стојичиќ, заменик министер за внатрешни работи), го следеше и обезбедуваше трансферот на пари;

а Кундак (Зоран Тодоровиќ, директор на “Беопетрол”) имал овластување да располага со парите, купува нафта …

Сите беа ликвидирани, а случаите не се разјаснети.

Борка Вучиќ, некогашна директорка на Белграска Банка, близок соработник и финансиски експерт на Милошевиќ. На 1 август 2009 загинува на автопатот Белград – Ниш Борка Вучиќ, некогашна директорка на Белграска Банка, близок соработник и финансиски експерт на Милошевиќ. На 1 август 2009 загинува на автопатот Белград – Ниш

Ги добиле документите

Илиќ истакнува дека смртта на банкарката Борка Вучиќ, која почина во чудни околности, не е решена:

– Таа ги примаше, регистрираше парите, ги следеше нивните текови, ја уредуваше документацијата во овој синџир. Таа жена знаеше сè, ги имаше сите документи. И по 2000 година, таа сакаше да се вратат парите, дури и правеше некои проекти за инвестирање во земјоделството. Таа почина во сообраќајка.

Заедно со Илиќ, во трипартитниот владин тим имало и еден претставник на МВР и НБС. Тие, сведочи Илиќ, ги добиле од тогашниот кипарски претседател и министерот за полиција сите документи за парите што Србија ги имала на сметките во таа земја. Според него, документите завршиле кај премиерот Ѓинѓиќ, а потоа кај министерот за правда, Владан Батиќ, и кај гувернерот на НБС, Млаѓан Динкиќ, но дека не знае каква е судбината на овие документи:

Зоран Ѓинѓиќ,Премиер на Србија по 2000, убиен на 12 март 2003 година 

– Ѓинѓиќ беше убиен, Батиќ поднесе кривични пријави за аферата, но умре. Само Динкиќ и јас преживеавме. Самиот Бог ме спаси. Ме нападнаа двапати, имав тешки повреди на главата. Јас преживеав, но правеа се да ме искомпромитираат, исмејуваат, правеа будала од мене, да ми го намалат рејтингот … И никој не ме повика од официјални институции на разговор.

Целиот текст можете да го причитате на курир.рс




Translate »