Меѓу починатите од коронавирус во земјава и 22-годишна бремена девојка од Скопје
Министерството за здравство денеска информираше дека починаа 28 лица од коронавирусот.
Денеска Министерството за здравство информираше дека починати се 28 лица. Пет пациенти од Скопје (58, 75, 67, 78 и 22г), еден од Куманово (69г), еден од Дебар (66г), шест пациенти од Прилеп (70, 77, 53, 56, 69 и 82г), двајца од Струга (59 и 69г), еден од Велес (66г), тројца од Битола (76, 69 и 61г), еден од Кавадарци (57г), еден од Гостивар (83г), еден од Радовиш (80г), еден од Крушево (64г), еден од Кочани (65г), еден од Пробиштип (78г), двајца пациенти од Кратово (76 и 76г) и еден пациент од Кичево (80г). Од нив, двајца се починати вон, останатите се починато во болнички услови.
22-годишна бремена девојка од Скопје ја загубила битката со коронавирусот и е меѓу починатите пациенти кои што денеска беа објавени од страна на Министерството за здравство.
Според неофицијални информации, кај девојката немало регистрирани претходни коморбилитети.
Таа била хоспитализирана на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје поради компликации во бременоста во потешка состојба и позитивен тест на Ковид-19.
Три дена подоцна во критична состојба била префрлена во ГОБ „8ми Септември“. Постојано била приклучена на респиратор, по што ја загубила битката.
Инаку, оваа 22-годишна девојка е шеста трудница по ред почината како последица на Ковид-19 во земјава.