Мистериозна жена влегува по станови

Ова е фотографија од мистериозна жена кој во изминативе денови се обидела да влезе во станови во Центар, Кисела Вода, но забележана е и во Бутел. На фотографијата таа се обидува да влезе во стан во Кисела Вода. Влегла во ходникот во станот, видела дека има луѓе па заминала.

-Оваа жена вчера проба да влезе во сите станови од нашава зграда. Вчера буквално во сите станови ја отвораше вратата, а можеби и по другите згради во Кисела Вода, напиша една жителка од оваа населба на Фејсбук.

Некои сметаат дека е под дејство на алкохол, а снимките од камерата покажуваат дека навистина делува замаено, но очевидците тврдат дека се преправа и се обидува да ја отвори вратата на секој стан. Само во еден стан од зградата влезната врата била отворена, но станарите биле внатре и ја избркале.

Во Центар се обидувала со приказната дека барала каде се пали светлото во ходникот и бара некои луѓе на погорните катови. На социјалните мрежи се споделуваат најразлични искуства со женава. Во една зграда ги вознемирила сите станари влегувајќи им буквално среде стан, а откако ќе изреагирале истрчувала низ вратата велејќи дека згрешила. Сите кои имале можност да се сретнат со неа ја препознаваат на фотографиите.

Влегува по домови, но има посочен и пример дека била и во работни простории и барала пари за лекови. Во Бутел 1 била пријавена во полиција од страна на жителите кои се вознемириле откако влегла во сите куќи без да тропне или да ѕвони, но набргу била пуштена од полицијата.

Translate »