12 годишно момче и преубава стјуардеса меѓу загинатите во авионската несреќа во Русија
Се знаат и првите имиња на жртвите од авионската несреќа која се случи во Русија.
29 годишната Анастасија Славинскаја и 34-годишниот пилот Сергеј Гамбарајан загинаа кога патнички авион со 65 патници и 6 членови на екипажот се урнал веднаш по полетувањето од московскиот аеродром.
Авионот Антонов Ан-148 на компанијата Саратов ерлајнс летал од аеродромот Домодедово кај Москва, јавуваат руските медиуми. Тој исчезнал од радарите веднаш по полетувањето, а се урнал во близина на селото Аргуново, околу 80 километри југоисточно од Москва. Сите во авионот загинаа . Најмлада жртва е 12-годишниот Евгениј Ливанов.
12 годишниот Евгениј Ливанов
Министерството за транспорт како можни причини за несреќата ги разгледува временските услови и човечката грешка.