Дорис Пак: Ако повеќе ви се допаѓа Русија и Турција, што барате во ЕУ?

loading...

Претседателката на жените во Европската народна партија и поранешната пратеничка во ЕП, Дорис Пак го запраша министерот за евроинтегарција на Црна Гора , Александар Пејовиќ “што бара во ЕУ” ако ги фали Русија, Турција и Кина. Во емисијата “Жива вистина” Пејовиќ изјавил:” ЕУ можеби не е подготвена да вложува како Кина, ниту пак брзо да ги решава прашањата како Русија , или да биде ефикасна како Турција, но ЕУ нуди една рамка кон која сите тежнееме.”

На ова Дорис Пак преку Твитер одговорила:” Откривајќи го бизарниот однос на министерот на ЦГ, Пејовиќ во дебатата за проширување на ЕУ…. се прашувам што тој воопшто бара во Унијата”.

 

Translate »