Судењето за случајот “Траекторија” одложено, Груевски доцнеше

loading...

Груевски повторно задоцни на судење. Случајот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство е одложено за 31 јануари 2018 година, откако обвинетиот Никола Груевски не се појави во судот во закажаниот термин. Петнаесет минути откако рочиштето беше одложено, Груевски дојде во судот, пишува Нова Македонија.

Една од причините за одлагањето е и тоа што судијката Верка Петковска, која е дел од судскиот совет, по Нова година е распоредена во друг оддел, што значи дека во советот ќе има нов судија.

Покрај поранешниот премиер Груевски, обвинети во случајот се и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски. Се товарат за пречекорување на овластувањата и злоупотреба на службената положба во процесот на избор на компанија што ќе ги гради автопатите на делниците Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, со што го оштетиле буџетот за повеќе од 155 милиони евра.

Иако претходно најавено, во судот денеска најверојатно нема да има рочиште ни за предметот „Труст“ во кој осомничен е бизнисменот Сеад Кочан, уште две физички и трите правни лица – „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на ЕЛЕМ од 17 милиони евра со фалсификувани документи.

 

Translate »