Зошто треба да купуваме само ладно цедени масла? Афионово масло е најздравото

Био Оил Вкусот на Сонцето е првото и засега единствено афионово масло кај нас, кое е атракција во светски рамки најмногу заради бројните анализи кои покажуваат дека афионот од нашето поднебје е најквалитетен на светско ниво и бидејќи обезбедува голем број на здравствени бенефити. Со цел наш придонес кон општото здравје и поширока едукација, нашата редакција дава одговор на неколку често поставувани прашања.

Која е разликата меѓу рафинирани и ладно цедени масла?

Разликата помеѓу рафинираното и ладно цеденото масло е во процесот на производството. Имено ладно цеденото масло се добива со механичко екстрахирање на маслото од семето и понатаму од истото со природно таложење и механичко филтрирање се добива готов производ. Рафинирање на маслото се прави кога на суровото масло со одредени хемиски процеси и под висока температура му се додаваат одредени хемиски соединенија, при што се менува хемискиот состав и се отстрануваат сите корисни природни состојки на маслото. Екструдирањето (цедењето) на масло од семето е механички процес кој представува гребење на семето низ ножеви со микронски отвори меѓу секој од нив. Со контролирана температура на цедење не повеќе од 45 степени, со тоа се постигнува до зачувување на сите хранливи вредности и витамини кој што поседува самото семе.

Споредено со ладно цедените масла од маслинки и сончоглед – која е предноста на ладно цеденото масло од афионово семе?

– Сите ладно цедени масла како и афионовото имаат одредени позитивни бенефити по човековото здравје. Кога зборуваме за ладно цедени масла се подразбира природни масла исцедени од семето и наточени во шише. Маслата пак меѓу себе се разликуваат по својот состав и нутритивните вредности. Спрема  овие параметри афионовото масло отскокнува во однос на сите комерцијални масла присутни во регионот а и пошироко на планетата. Постојат историски податоци дека и античките спортисти 2000-4000 години ПНЕ го користеле афионовото масло за енергија кога мешајќи го со мед добивале експлозивна сила. Речиси и не постои масло кое има толку сензитивно влијание во историјата на човештвото како афионовото масло кое се користело и како лек во отсуство на други медицински препарати.

За што може да се користи афионовото масло?

– Афионовото масло на БиоОил може да се користи за готвење, салати и разни други специјалитети. А може наутро да се испие и со лажичка на празен стомак, како лек за решавање на тегоби со дигестивниот и кардиовакуларниот систем. Станува збор за 100% природен производ со импресивна содржина на масни киселини, вклучувајќи линолеинска, палмитинска, стеаринска и олеинска киселина.  

Ова беше и причина Швајцарската Програма Increasing Market Employability – IME, да го поддржи овој производ, со негово вклучување во заедничката промоција на т.н. алијанса на „Премиум Македонски производи“, кои се промовираат преку атрактивни полици во специјализирани продавници за здрава храна во земјава.

Кои се здравствените придобивки од афионовото масло за човечкиот организам?

-Има богата хранлива вредност, ја подобрува дигестијата, помага во контролата на холестеролот и шеќерот во крвта, го зголемува нивото на енергија, придонесува за здравјето на мозокот и моќта на концентрација, за здрави коски и е природен еликсир за остеопороза, помога во регулирањето на крвниот притисок и здравјето на срцето, помага при несоница, допринесува за превенцијата од канцер и го успорува развојот на канцерогените клетки, помага за правилна функција на тироидната жлезда.

Добро е за здравјето на кожата и помага во лекување на кожните болести, помага во лекувањето на афтите во устата, во лекувањето на парадентозата кај забите, за изгореници на кожата и ја ублажува болката, во регенерацијата на оштетени ткива и клетки. Има силно антивоспалително дејство кај сите воспалителни процеси. Помага при бронхитис и астма.

Маслото од афион БиоОил е богато со омега 6 и омега 9 незаситени масни киселини. Богато е со фосфор, магнезиум, калиум и железо. Помага при лекување на тромбоза и емболија, антиканцерогено дејство, го нормализира нивото на холестерол во крвта, ја зголемува моќта на концентрација, ги зајакнува нервите, ја смирува болката и ги релаксира мускулите. Го зајакнува одбранбениот механизам на телото.

Здравата исхрана е клучен фактор за превенција на многу болести.  Секогаш најдобра опција е кога делуваме превентивно, и кога во континуитет се грижиме за своето здравје. „Здравјето и болестите доаѓаат преку устата“. Здравата исхрана е подарок кој самите можеме и мораме да си го подариме. Затоа и во моментите кога не фаќа „зимскиот сон“ доволно е за превенција  да консумираме по една лажичка афионово масло, може помешано и со мед и да формираме силен штит од сите вируси и болести! Контакт 071 335 593

Translate »