Навиваме без граници во Португалија – со бесплатен роаминг од Телеком
Македонски Телеком ги поддржува македонските навивачи во Португалија и за да навиваат без граници на СП 2022, им доделува бесплатен роаминг за да ја поддржат репрезентацијата на патот до „собирот на најдобрите“ во Катар.
Сите корисници на Македонски Телеком кои ќе бидат во Порто (Португалија) на 29.03.2022 ќе имаат можност да користат бесплатни минути за разговори, бесплатни СМС пораки и 3GB бесплатен интернет.
Нашата репрезентација има голем предизвик за да стигне до СП Катар 2022, а тоа е силната Португалија на Кристијано Роналдо, Рубен Дијаз и Диого Жота. Но, нашите фудбалери ни покажаа дека во фудбалот се е можно.
Да ја поддржиме сите заедно репрезентацијата, да навиваме и да посакаме успех.
Да навиваме за Македонија без граници!