Напаѓачот во Нов Зеланд објави видео во живо од нападот во џамиите
Еден од терористите кој го изврши нападот во џамии во новозеландскиот град Крастчрч објавил видео во живо на Фејсбук. Клипот е маскиран за време на нападот, објави „Вашингтон тајмс“.
Во 17-минутното видео се покажува напаѓачот Брентон Тарант, кој излегува од автомобилот, зема оружје од багажникот, го извршува нападот и се враќа во автомобилот.
Видеото е веќе избришано од Интернет. Сепак, инсерти од видеото се шират на социјални мрежи.
Најмалку 40 луѓе загинаа во нападот и повеќе од 20 се ранети и во тешка состојба.