Бугарска јасновитка прогнозира дека Балканот ќе се обедини
Познатата бугарска јасновитка , која го предвиде Брегзит, прогнозира динамична 2018-та година , особенo за Балканот.
Илијана Чаушева Гјокчен прогнозира дека Балканот ќе се обедини. Бугарскиот премиер Бојко Борисов е на добар пат да го направи тоа. Одамна претскажав дека ќе се создаде Балканска унија, изјави јасновитката за бугарските медиуми. Но, таа има црни прогнози за ЕУ. Кон крајот на 2018 –та , Бугарката очекува Франција да започне со процес на излегување од Унијата. Моќта на Русија ќе биде во подем, а тоа ќе се почувствува и на Балканот, вели таа.
Во наредната година таа предвидува земјотреси во Грција, катастрофални урагани во Америка и големи поплави во Велика Британија.
Илијана Чаушева предвидува дека во 2018 ќе има пораст на терористичките напади во светот. Таа прогнозира дека Балканот нема да биде исклучок од тој тренд, затоа мора многу да се внимава од опасноста на тероризмот, вели бугарската јасновитка.