Тројца пратеници одат во притвор, а тројца во куќен притвор

Кривичниот суд потврди дека против тројца пратеници е изречен притвор, а за тројца од нив мерката домашен притвор.

„Постапувајќи по предлог на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје денеска беа повикани шест лица опфатени со предлогот на Обвинителството, а по нивно произнесување во однос на предлогот судијата на претходна постапка донесе решенија со кои за К.М., Љ.А. и С.В. го прифати предлогот на Обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а поради постоење на причините предвидени во член 165 ст. 1, т. 1,2 и 3 од ЗКП. За Ј.Т. и Ж.П. судија на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и им определи мерка куќен притвор. За Љ.Д. судија на претходна постапка не го прифати предлогот на Обвинителството за определување мерка притвор и му определи мерка куќен притвор. Против овие неправосилни решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од 24 часа по приемот на решенијата“, пишува во соопштението на кривичниот суд.

Фото :Макфакс

Translate »