ДИК -Не ги враќаме бонусите, ќе ги донираме хуманитарно

Претседателот на  Државната изборна комисијата, Александар Чичаковски изјави дека не постојат правни можности одлуката да биде отповикана, затоа, додаде, средствата ќе ги донира во организации и здруженија на граѓани кои работат на проблематиката со изборите.-Ги прифаќам критиките по однос на транспарентноста. Сметам дека транспарентноста треба да ја зголемиме, меѓутоа останаа дел од забелешките изнесени во јавноста на кои мора да поработиме. Има и од моја страна пропусти и на страна на членовите и на страна на службата која е должна да ги објавува одлуките за да и бидат достапени на јавноста – рече Чичаковски.

Членот на Комисија  од редовите на ВМРО ДПМНЕ Сашо Срцев рече дека парите немал да ги потроши за свеќи и пченица туку дека ќе ги донирал хуманитарно.

Translate »