Крадци тајно влегле во ,,Шпаркасе,, банка и ги испразниле сефовите
Tајно влегле во ,, Шпаркасе,, банка и ги испразниле сефовите на граѓаните. Петмина граѓани непријатно изненадени – веднаш пријавиле во полиција дека им недостасуваат пари и предмети, што ги чувале во сефови во објект на една од поголемите банки во Скопје, велат од МВР.
Неофицијално, грабежот го извршила добро организирана група уште минатата недела.
Полицијата за грабежот веднаш го известила надлежниот јавен обвинител и била покрената истрага и се работи на расчистување на случајот.
Сега, останува нејасно дали и на кој начин банката ќе ги обесштети ограбените граѓани. Барем за сега не се знае ни дали во просторијата каде се чуваат сефовите имало безбедносни камери.
Колку за потсетување, ова не е единствен случај на грабеж во банка. Последниот од низата беше милионскиот грабеж во НЛБ Банка што се случи во април годинава. На 40 годишниот трезорист кој украл скоро 3 милиони евра, судот му одреди казна затвор во траење од 9 години и два месеци. Освен првообвинетиот, в затвор се и тројаца негови соработници кои ја признаа вината, но никој не откри што сториле со украдените пари.