Мицотакис: Скопје нема да се вика Република Македонија

Со уставна промена, за да се обезбеди ерга омнес, Скопје нема да се вика Република Македонија, ќе се вика поинаку, вели лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис, во однос на тоа како би можело да се гарантира дека новото име би било и за внатрешна и за надворешна употреба.

– Со уставна промена може да се обезбеди ерга омнес, со официјална промена на името на Скопје и за внатрешна и за надворешна употреба. Скопје нема да се вика Република Македонија, ќе се вика поинаку, според она за што ќе постои договор. Тоа ќе биде име што ќе се однесува и за внатрешноста и за надворешноста – вели Кирјакос Мицотакис во интервјуто за три солунски радија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, претседателот на Нова демократија, уште еднаш го повтори неговиот став дека грчката влада, разговорите за името ги отворила на погрешен начин, бидејќи требало да се отворат со една национална линија

Translate »