Пред 10 години останала од работа, денес има приход од 4000 евра

Сребра Величковиќ од Јовановац кај Крагуевац пред 10 години останала без работа, но не чекала ништо да ѝ падне од небо.

Денес додека чека пензија има приходи од производство на расад. Од оваа работа годишно заработува по 4000 евра.

Не користи пестициди, или скапи хормони за раст на она што е засадено во пластениците.

Жената работела во градежна фирма, но транзицијата си го направила своето и таа се решила со знаењето кое го има бидејќи пораснала на село да си помогне себе си, иако знаела дека не може да очекува голема сума. Пластениците со кои располага не се репрезентативни, но се функционални.

Расадот го продава на пазар, а најмногу се бараат домати.

преземено од Фактор.мк

Translate »