Криеше дека е Албанка, сега е горда, додека Грците беснеат
Грчката пејачка Елени Фуреира која оваа година ќе го претставува Кипар на „Песна на Евровизија“ предизвика скандал во својата земја откако на една фотографија позира со претставникот на Албанија.
Имено, Елени ја објавила фотографијата на која ги вкрсти рацете со Евген Бушпеп покажувајќи орел, националниот симбол на албанското знаме.
Фуреира е по потекло Албанска, факт што го криеше од грчката јавност долги години. Кога новинарите открија дека е Албанка, таа во емисија на телевизија Антена раскажа дека како мало девојче се преселила во Атина во потрага по подобар живот. Го сменила името, заради предрасуди и меѓудржавни судири и го криела своето вистинско потекло. Тогаш рече дека себеси се смета за Гркинка и дека Грција е зејата што и дала „леб“ и и пружила безгрижно детство.
Бидејќи е голема поп-ѕвезда во својата земја страстите брзо се смирија, но оваа фотографија повторно ги подгреа стастите.
„На сликата ја гледате претставничката на Кипар, Албанка која израсна благодарние на парите и гостопримството на Грците и нашата земја која и дала еднаквост со грчките деца, нивното образование и слобода“, само е еден од коментарите под сликата.
Oткако ја нападнаа на социјалните мрежи, Елени за грчки „Стар“ изјави дека во прашање е симболот на земјата во која се родила и ништо повеќе.
Еве ја песната со која Кипар ќе се претстави на „Евросонг“.