Дали Ѓукановиќ повторно е цел на напад?
Автомобил кој се движел во спротивен правец удрил во возило од службената придружба на поранешниот црногорски премиер Мило Ѓукановиќ, кое потоа се запалило.
Во сударот се повредени три лица, двајца членови на обезбедувањето на Ѓукановиќ и возачот кој ја предизвикал несреќата.
Возилото кое изгорело, било полно со муниција , која почнала да пука под дејство на огнот, соопшти полицијата. Несреќата се случила на излезот од Подгорица. Истрагата е во тек.