Трауматична снимка -Петгодишно дете одбива да оди со мајката која го оставила како бебе
Во Нови Сад е снимена шокантна сцена каква што ретко се гледа. Сведоците велат дека петгодишното момче плаче и вика затоа што не сака да оди со мајката која го оставила кога имал само пет месеци.
По ненадејната смрт на таткото, мајката се враќа да го земе детето . Семејството на починатиот татко коментира дека таа не доаѓала со години и дека сега всушност сака само да го земе наследство кое му припаѓа на момчето.
Најавуваат и тужба поради одлуката на социјалните служби да го дадат детето на мајката, која според нив не го заслужува. Мајката не сакаше да коментира за медиумите.